Поврзете се со нас

Шпанија

Белингам човек на одлука: Џуд повторно ја реши Барселона, Реал на чекор од титулата во Ла Лига (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Џуд Белингам постигна два гол за пресврт победа против Барселона во првиот дел од сезоната, а Англичанецот денеска повторно беше херојот на Реал во новата победа на „кралевите“.

Триумфот од 3:2 и дефинитивно става точка на прашањето кој ќе биде нов шампион во шпанскиот фудбал, бидејќи победата од 3:2 го однесе Реал на плус 11 од Барса на пет кола пред крајот.

Големото „Ел Класико“ дерби почна со подобра игра од Барса и гостите од Каталонија поведоа со голот на Кристенсен, но Реал реагираше на начин на кој ги навикна своите фанови на „Бернабеу“, па брзо се врати во игра со голот од пенал на Винисиус Жуниор.

Лукас Васкез беше човекот кој се избори за најстрога казна и тој беше еден од најдобрите играчи на теренот, бидејќи десниот бек го постигна и голот за 2:2 во вториот дел.

Пред да дојде до голот на Лукас, Фермин по вторпат ја донесе Барса во водство, а во последните 20 минути, Реал беше тој кој повеќе ја сакаше победата и на крајот стигна до неа.

Белингам се најде на вистиснко место во 91-та минута и го искористи додавањето од Лукас, а со тоа се стави точка на 257-то „Ел Класико“ дерби во шпанскиот фудбал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни