Поврзете се со нас

Свет

Белградското дерби без победник на теренот: Партизан и Ц. Звезда не го доиграа дуелот од српскиот плејоф

Објавено

на

Foto:twitter.com/kkcrvenazvezda

Кошаркарското дерби меѓу Партизан и Црвена Звезда донесе уште една драматична вечер, во која не беше одлучен победник на теренот.

Белградските ривали овојпат се сретнаа во плејофот на домашното српско првенство, а жешката атмосфера кулминираше во третиот период.

Неколку минути по почетокот на вториот дел, фановите на Партизан испратија жестоки навреди на сметка на претставници на раководството на „црвено-белите“, а барањето на судиите и домашните кошаркари за смирување на ситуацијата, дополнително ги вжешти страстите со фрлање тврди предмети на теренот, по што судиите и кошаркарите се повлекоа во соблекувалната.

Кошаркарите на Црвена Звезда по долга пауза и откако арената беше испразнета, се вратија на теренот, а откако изминаа 15 минути без Партизан на теренот, според правилата натпреварот е дефинитивно прекинат и веројатно гостите ќе го добијат со службен резултат.

Натпреварот е прекинат при резултат 57:45 за Партизан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни