Поврзете се со нас

Свет

Белгиската полиција го застрела терористот кој направи хаос во Брисел

Објавено

на

Белгиската полиција од вчера беше во акција, потрага по човекот кој вчера уби две лица, навивачи на шведската репрезентација која вчера играше меч со „црвените ѓаволи“ во рамките на квалифиакциите за Европското првенство.

Оваа средба не се доигра по информациите за овој настан кој се случи во центарот во Брисел по што навивачите долго време не можеа да го напуштат стадионот.

Денеска пак стигна вест дека белгиските власти успеале да го пронајдат напаѓачот Абдесалем Ласуед, апсење при кое полицијата морала да употреби сила, па 45-годишниот Тунижанец бил застрелан за да потоа почине на патот кон болницата.

Инаку Ласуед престојувал илегално и на полицијата веќе и бил познат по сомнителни дејствија, нелегален престој и криумчарење луѓе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни