Белгиска рапсодија: Азар направи дар-мар со фасцинантен слалом, Мертенс му возврати со страшна „бомба“ (Видео)

hazard-holandija

Белгиските фудбалери одработија маестрална акција од соништата на натпреварот против Швајцарија кој го одиграа во Лигата на нации, но само четири дена по овој дуел, на фудбалската јавност и понудија уште една фудбалска рапсодија.

Истата ја започна Еден Азар со фасцинантен слалом во кој нареди неколку играчи на Холандија, а Мертенс му одговори уште подобро, испраќајќи неодбранлива бомба во мрежата на „лалињата“. Овој погодок на пријателски меч кој се одигра во Брисел беше постигнат во 4-та минута,  но до крајот Холанѓаните успеаја да постигнат гол и да заминат без пораз.

Facebook Коментари