Белгиска компанија ќе враќа пари за продадените телевизори поради мундијалскиот ефект на „ѓаволите“

belgija

Белгискиот продажен ланец за електроника „Крефел“ ќе им ги врати парите на сите купувачи на телевизори, кои истите ги купиле откако започна мундијалската акција во продажната мрежа низ земјата. Во неа учествувале сите оние кои во наведениот рок купиле најмалку 55-инчен телевизор, а се претпоставува дека во игра се неколку илјади купувачи.

Услов беше Белгија да постигне 15 голови на СП во Русија, а откако Еден Азар и неговите колеги стигнаа до бројката од 16 погодоци, раководството на „Крефел“ потврди дека ќе го испочитува своето ветување.

Со оглед на бројот на купени тв приемници, акцијата станала многу популарна во Белгија, а за неа знаеја и самите репрезентативци. Дрис Мертенс дури изјави дека ќе се обиде да влијае на голгтерскиот ефект на националниот тим, бидејќи многу негови пријатели и познаници очекуваат да си ја вратат инвестицијата.

Facebook Коментари