Поврзете се со нас

Европски првенства

Белгијците се извинија за контроверзното видео со „закана“ за Мбапе (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/equipedefrance

Белгиската фудбалска федерација денеска мораше преку официјално соопштение да се извини за контроверзното видео посветено на Килијан Мбапе.

Токму Франција е следен противник на Белгија на ЕП во Германија, а белгиската федерација објави видео во соработка со познат комичар, во кое репрезентативецот Амаду Онана најави дека ќе го удри Мбапе за време на претстојното осминафинале.

Комичарот Пабло Андрес во видеото пее „Кој ќе го удри Килијан Мбапе по нога (цеваница)?“, а Онана самиот го кажува (пее) своето име како одговор, па и не изненадува што оваа содржина за социјалните мрежи предизвика многу реакции.

– Видеото требаше да биде смешно, но поради реакциите решивме да го избришеме, – рекол портпаролот на Белгиската фудбалска федерација.

Натпреварот Франција-Белгија се игра во понеделник во Диселдорф.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни