Поврзете се со нас

Свет

Белгија првпат немаше селектор на ждрепката за СП, медиумите ја открија причината за отсуството на Тедеско

Објавено

на

Foto:twitter.com/BelRedDevils

Белгиската фудбалска репрезентација доби противници за мундијалските квалификации, но во Цирих не присуствуваше селекторот Доменико Тедеско.

Медиумите одбележаа дека ова е првпат во историјата на ждрепките за СП, актуелниот белгиски селектор да не присуствува на важниот настан, а причината е очигледна.

Тедеско во моментов не е целосно потврден за останување на функцијата, а главна причина е ангажирањето нов спортски директор кој допрва треба да го одобри продолжувањето на мандатот на Германецот со италијанско потекло.

Венсан Манар е назначен за нов спортски директор и наредниот период ќе треба да одлучи дали тој и Тедеско размислуваат во иста насока во однос на наредниот период.

Поради ова федерацијата одлучила дека не е најпаметно некој од нив да патува во Швајцарија и да дава изјави во овој чувствителен период.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни