Белгија ќе биде казнета од УЕФА поради бизарен гаф на еден од репрезентативците

belgija

Европската фудбалска федерација најави казна за Белгиската фудбалска федерација, а причина е навистина уникатниот гаф кој го направил еден од репрезентативците на меч од квалификациите за ЕП 2020.

Се работи за Дедрик Бојата кој беше стартер за Белгија на дуелот против Русија, а кој во второто полувреме се вратил на теренот со дрес на Миши Батшуаји, односно број 23.

Бојата го заменил дресот и си ја вратил својата „четворка“ во 57. минута, а Батшуаји едвај чекаше да му фати сеир на колегата, па на Инстаграм порача: Се радувам што вчера му го исполнив сонот на детето.


View this post on Instagram

Happy to have realized this kid’s dream yesterday 🙏🏾😂😂😂 @dedryck.boyata #Batshuyata #fuuuusion

A post shared by Michy Batshuayi (@mbatshuayi) on

Facebook Коментари