Поврзете се со нас

Лига на нации

Белгија ја отпиша Англија од финалната фаза во Лигата на нации, Италија им се врати на победите (Видео)

Објавено

на

А дивизијата во Лигата на нации полека ја добива својата разрешница во пресрет на последното коло кое е на програмата во наредните денови, а вечерва стана јасно дека Англија сигурно нема да ја гледаме во финалната фаза во ова натпреварување.

Белгија на домашен терен го доби дербито со Англија и славеше со 2:0, резултат кој успеа да го оствари во првото полувреме, а го задржа до самиот крај на мечот. Тилеманс со одличен удар од дистанца го отвори мечот, а Дрис Мертенс со фантастичен шут од слободен удар зголеми на 2:0.

„Црвените ѓаволи“ на овој начин ја отпишаа Англија од завршницата, а сега во последното коло против Данска во директна пресметка ќе одлучуваат за тоа кој ќе заврши прв во групата.

По двете реми средби во низа, Италија вечерва во вистинско време им се врати на победите, славејќи на домашен терен против селекцијата на Полска која беше комплетно инфериорна на теренот.

„Аѕурите“ сосема заслужено ги освоија трите бода и славеа со 2:0, меч на кој стрелци на погодоците беа Жоржињо од пенал, односно Берарди во самата завршница. Италија со оваа победа има се во свои раце да заврши прва во групата, бидејќи во последната рунда ќе игра против Босна која сигурно испаѓа во Б дивизијата во Лигата на нации.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни