Поврзете се со нас

Европски првенства

Белгиецот во издание во какво не сме го виделе: Новинарско прашање го извади Де Брујне од рамнотежа (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/BelRedDevils

Кевин Де Брујне како белгиски капитен ги водеше „црвените ѓаволи“ на Европското првенство, па иако се погрижи Караско да влезе во стопроцентна шанса за гол, поранешниот играч на Атлетико Мадрид прокоцка огромна шанса да ги „смрзне“ Французите.

Белгија не ги искористи своите прилики и на крајот прими несреќен гол од актуелниот светски вицешампион, кој со нов автогол се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Германија.

За разлика од порано, овој белгиски тим беше доста послаб на хартија и воо истиот нема голем број ѕвезди, па по новиот недоволно добар резултат, Де Брујне добил прашање кое целосно го извадило од рамнотежа.

Новинарот го прашал Де Брујне зошто поранешната генерација на Белгија се нарекува „златна“ кога нема ништо освоено, по што ѕвездата на Манчестер Сити одговорила навистина дрско.

– Мисли дека Франција, Англија и Германија немале златни генерации? Глупав, – порачал видно нервозниот Де Брујне на заминување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни