Белерин конечно образложи зошто не го прослави голот на Алексис против Кристал Палас

ektor-aleksis

Алексис Санчез ги искористи последните денови од зимскиот преоден рок за да направи сензационален премин од Арсенал во Манчестер Јунајтед, трансфер сага на која конечно и дојде крајот бидејќи Чилеанецот беше пред заминување од Северен Лондон уште минатото лето.

Санчез одигра далеку под својот просек во првиот дел од сезоната за Арсенал и често можеа да се видат одредени нервозни гестикулации кон од соиграчите, но дефинитивно најголем прав во англиската спортска јавнсот се крена кога дел од играчите на Арсенал не го прославија неговиот гол на мечот со Кристал Палас.

Тогаш најгласен беше Тјери Анри кој јавно посочи дека има одредена поделба во соблекувалната на Арсенал, а 40 дена по овој натпевар, конечно со свој став излезе и Ектор Белерин кој беше еден од играчите кои не го прославија голот на Чилеанецот.

– Знам дека натпреварот со Кристал Палас се најде во центарот на вниманието. Дел од играчите го прославија голот, но јас останав со оној дел кои не славеа. Јас разговарав со Калум Чемберс и останатите за одредени тактички работи кои не ги сработивме добро на теренот. За мене, тоа беше многу поважно од славењето на голот. Можеби изгледаше лошо, но немаше никаква скриена намера, – порачува Белерин.

Facebook Коментари