Поврзете се со нас

Македонија

Беласица остана без тренер: Милков си поднесе неотповиклива оставка

Објавено

на

Беласица направи голем успех со враќањето во Првата Македонска фудбалска лига, но сепак составот од Струмица се соочува со огромни проблеми на стартот на сезоната, кои сега придонесоа шефот на стручниот штаб самостојно да си поднесе оставка.

Струмичкиот тим има шест порази на исто толку натпревари и во овој момент е закован на дното на табелата со гол разлика 1-17, бројки кои го натераа Ване Милков да се повлече од функцијата на тренер.

Беласица информира дека тренерот си поднел неотповиклива оставка по последниот пораз од Пелистер од 0:2, па во наредните неколку дена ќе биде соопштен нов шеф на стручниот штаб.

– Шефот на стручниот штаб Милков Ване си поднесе неотповиклива оставка веднаш по натпреварот со ФК Пелистер. Милков останува во клубот со нова функција, технички директор.

– На утрешниот куп натпревар против ФК Росоман, екипата ќе ја предводи асистентот Василев Александар. Во наредниот период ќе биде претставен новиот предводник на нашата екипа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни