Белараби влезе во игра и со ужасен старт експресно доби црвен картон, Баерн ја потврди победата со трет гол (Видео)

belarabi-crven

Баерн Минхен го победи Баер Леверкузен со 3:1 во дербито кое се одигра на „Алијанц арена“, но четирите постигнати гола останаа во сенка на бесмислениот потег кој го направи напаѓачот на гостите, Карим Белараби.

При резултат 2:1, Белараби влезе во игра во 73-та минута, а само шест минути подоцна заработи директен црвен картон бидејќи со ужасен старт го повреди Рафиња. Невнимателниот Белараби го нагазна дефанзивецот на Баерн и го испрати предвреме во соблекувалните, а потоа Баерн со играч повеќе ги постави конечните 3:1 со погодокот на Хамес Родригез.

Претходно, Вендел од пенал донесе изненадувачко водство за Леверкузен, но до крајот на полувремето, работите на свое место ги вратија Толисо и Робен.

Сите голови од натпреварот на „Алијанц арена“ погледнете ги на следното ВИДЕО

Facebook Коментари