Поврзете се со нас

Репрезентација

Белами: Свесни сме каква трагедија се случи во Македонија, сакам да знаете само една работа

Објавено

на

Foto: instagram.com/fawales

Крег Белами доаѓа како непоразен на гостувањето во Скопје на своите први седум натпревари како селектор на Велс, учинок кој го нема остварено ниту еден друг тренер во историјата на оваа репрезентација.

Поранешниот напаѓач одлично се справува во улога на лидер на националниот тим и Велс пристигнува во македонската престолнина со биланс од четири победи и три реми средби под негово водство, нешто што дефинитивно прави Велшаните да имаат огромна самодоверба пред квалификацискиот меч за Светско првенство.

Најавата за мечот кој вечерва се игра на „Тодор Проески“ секако не можеше да мине и без коментар за големата трагедија која се случи во Кочани, а за која како што вели Белами, свесни се сите во велшкиот тим.

– Не зборувавме за трагедијата, но играчите се свесни што се случи во Македонија. Сакам да испратам сочувство до сите семејства на загинатите и до сите луѓе во Македонија. Тешко е да се зборува за фудбал во вакви моменти, но ние сме дојдени тука поради фудбал и мораме максимално да ја почитуваме атмосферата.

– Ние имавме свои трагедии низ историјата и како земја знаеме низ што минувате. Сакам да знаете само една работа, сите во Велс стојат зад вас. Се надевам дека за 90 минути на натпреварот ќе успееме заедно со играчите на Македонија, за момент или два да им го оттргнеме умот на луѓето од таа трагедија. Нема ништо поважно од животот, но наша работа е да играме фудбал, – изјави Белами.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни