Поврзете се со нас

Светски првенства

Белами: Македонија е поинаков предизвик за нас

Објавено

на

foto: x.com/Cymru

Македонската сениорска фудбалска репрезентација ги доби ривалите во квалифкациите за Светското првенство кое во 2026 година ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико.

Нашата селекција се најде во групата Ј заедно со првиот фаворит Белгија, потоа Велс, Казахстан и Лихтенштајн и реално на хартија имаме противници со кои можеме да се носиме и надигруваме.

Велс е една репрезентација која ни е позната од минатото, национален тим кој сега е предводен од некогашниот напаѓач на Њукасл, Манчестер Сити и Ливерпул, Крег Белами кој даде краток коментар за добиените ривали.

-Тоа што ја добивме Белгија е одлично. Живеев во Брисел три години, така што е убаво, има неколку играчи со кои бев вклучен, како Доку и Дебаст, па ќе биде убаво да ги видам. Тоа е тим кој многу добро го познавам, тим кој го гледав доста, особено во последните пет, шест години.

-Македонија е поинаков предизвик, Казахстан никогаш не сме го извлекле, па патувањето и она што ќе го носи ќе биде многу поинакво, Лихтенштајн… Среќен сум, морам да бидам искрен, тоа е добра група. Ќе мора да ја завршиме нашата домашна задача навистина добро и се надеваме дека ќе се обидеме да нападнеме и да завршиме на врвот во групата, -порача амбициозниот Белами.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни