Белами: Ливерпул не треба да се плаши за Салах, треба да бидат загрижени ако…

salah

Некогашниот репрезентативец на Велс и поранешен член на Ливерпул, Крег Белами смета оти „црвените“ не треба да се плашат и стравуваат за иднината на Мохамед Салах.

Напаѓачот од Египет има извонредна прва сезона на „Енфилд Роуд“ со 36 голови во сите натпреварувања, па низ медиумите веќе почнаа да го поврзуваат со шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона, додека пак легендата на Арсенал, Иан Рајт го посочи или предвиде клубот во кој Мо ќе заврши.

-Ако јас бев Ливерпул интересот за Салах ќе го сфатев како комплимент. Зошто топ клубовите не би биле заинтересирани? Јас би бил загрижен ако тоа не е така. Но, Реал Мадрид и Барселона кои би можеле да бидат подготвени да платат големи пари, сигурно ќе сакаат да видат уште една година од Салах. Има и други играчи кои се докажаа во изминативе две-три години кои би можеле да бидат поблиски до овие типови на клубови. Овие типови на клубови се врвот на фудбалот – ако дојдат за вас, вие сакате да бидете дел од тоа. Тие се на друга планета, но не гледам дека тоа би се случило ова лето, -рече Белами за „Скај Спортс“.

Facebook Коментари