Поврзете се со нас

Свет

Бекот во ритам: Карапалевски прв стрелец против Нава

Објавено

на

foto:www.atleticovalladolid.es/Daniel Pérez

Мартин Карапалевски од оваа сезона е дел од шпанскиот прволигаш Валјадолид во кој добро се снаоѓа на стартот и за тоа говорат партии кои ги покажува во АСОБАЛ лигата.

Минатата седмица се прикажа во добро светло против Морацо, додека пак во второто коло беше уште подобар во соочувањето со Нава. Доскорешниот играч на Вардар беше најдобар стрелец во својот тим (заедно со Мигуел Мартинез) со пет постигнати голови (од седум обиди), но тоа што е негативно е дека и овој учинок не беше доволен за позитивен резултат на ова гостување.

Домаќинот беше на повисоко ниво во двата „периоди“ (18:16 и 20:17) и се избори за конечно славје од 38:33

Инаку за Валјадолид настапи и крилото Димитар Димитриоски со учинок од три погодоци од пет обиди.

Диме, Мартин и соиграчите во наредната рунда се соочуваат со Гвадалахара.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни