Поврзете се со нас

Македонија

Бекот Петровски промовиран во првата екипа на Еурофарм Пелистер

Објавено

на

blank

Дарио Петровски е промовиран во првата екипа на Еурофарм Пелистер, информираше клубот од Битола.

Петровски ја покрива бековската позиција и треба да биде уште една опција на тренерот Жељко Бабиќ. Тој е изданок на битолската школа и досега беше дел од втората екипа, но сега пред него е нов предизвик и секако можност со добри партии да се наметне и на повисоко ниво.

-Овој потпис за мене е напредок и мотив плус за чекор напред во кариерата. Со добри игри верувам дека ќе се претставам кај тренерот Бабиќ и очекувам добра иднина и за мене и за клубот.

-Разговарав со тренерот, размислува за мене и ми кажа за што му требам и на кои задачи треба да одговорам. Мое е да тренирам и да се посветам на тоа што го бара тренерот од мене, па потоа и да го презентирам на терен.

-Со самиот ростер се гледа дека Еурофарм Пелистер е еден чекор пред Еурофарм Пелистер 2 и тука сум да одговорам на предизвикот, бидејќи надлежните видоа нешто во мене и мислат дека можам да одговорам на тој предизвик, -истакна Петровски кој би можел да дебитира против Струга во домашниот шампионат.
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни