Бекот игра во одлична форма: Митков „испука седумка“ против Брегенц

mitkov sut

Влатко Митков продолжи да игра на високо ниво за својот Кремс во австрискиот ракометен шампионат.

Искусниот македонски бек „испука“ седум погодоци на гостувањето кај Брегенц, но тоа на крајот не беше доволно за поволен резултат, поточно Кремс загуби минимално со 32-31.

Како пресудно се покажа првото полувреме во кое домаќините се одлепија на плус четири (18-14), предност која Влатко и неговите колеги не успеаа да ја надокнадат во продолжението.

Кремс по 14 кола има 17 бода, во наредната рунда има полесна задача и е домаќин на СЦ Ферлах.

Facebook Коментари