Англија
Бекер за „новиот“ Ливерпул: Имаме квалитет да направиме нешто посебно…
Ливерпул доби нов менаџер пред стартот на оваа сезона или поточно Арне Слот го замени Јирген Клоп, човекот кој го врати клубот на големата сцена, состави тим конкурентен за пехари во секоја сезона.
„Црвените“ беа исклучително мирни на трансфер пазарот и имаше доста прашалници, дилеми што Слот ќе може да направи, дали ќе може да ја продолжи добрата работа на неговиот претходник, па ако се суди по досега прикажаното Холанѓанецот е топ избор на премиерлигашот. Ливерпул функционира фантастично во сите натпреаврувања, особено во оние најважните во Премиер лигата каде е на врвот и веќе е прв фаворит за пехарот, но и во Лигата на шампионите каде игра без грешка.
Алисон Бекер е еден од староседелците во клубот од „Енфилд Роуд“ и се надева дека ова е почеток на нешто посебно, нова успешна ера за англискиот великан.
-Тој тим беше навистина посебен. Постигнавме големи работи. Тоа беше прва титула во Премиер лигата по долго, долго време. Заедно ја освоивме Лигата на шампионите претходната сезона. Нема споредба со двете ситуации. „Она што ме прави среќен е оваа група играчи – имаме квалитет да направиме нешто посебно. Најважно е посветеноста што е потребна за да се освои нешто, -истакна Бекер кој смета дека Слот ни негува свој стил на игра, односно не е продолжение на приказната со Клоп.
-Мислам дека не е премногу слично [на нашиот стил под Клоп]. Неколку играчи сè уште играат во тимот, но ние имаме малку поинаков стил, поголем посед на топка. Пред тоа беше навистина едноставно, многу транзиција, многу интензитет, -порача првиот голмна на лидерот во ПЛ.
-
Англија13 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Македонија16 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Шпанија19 часа
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
Шпанија21 час
Мартинез: Знаеме каде да го нападнеме Реал
-
Репрезентација9 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија7 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Италија20 часа
Консеисао по првиот кикс како тренер на Милан: 13 години сум дел од оваа работа и немам видено нешто полошо!
-
НБА19 часа
Морант со две лудории во низа донесе драматична победа за Мемфис (Видео)