АТП
Бекер со совет за Зверев: Не смее да дозволи една работа, без разлика што прави Ѓоковиќ

Александер Зверев пристигна во Мелбурн за конечно да го освои првиот грен-слем турнир во својата кариера, но допрва му следат најголемите предизвици во остварувањето на тој план.
Во полуфиналето, Германецот за противник го има најтрофејниот ривал, Новак Ѓоковиќ, кој иако ветеран на АТП турот, покажа дека и натаму е пресериозен ривал во четвртфиналето со Карлос Алкарас.
Во пресрет на пресметката меѓу тенисерот со најмногу грен-слем трофеи и оној кој е очаен да го освои првиот, совет за Германецот стигна од неговиот сонародник Борис Бекер.
Бекер е поранешен тренер на Ѓоковиќ и смета дека во оваа етапа од неговата кариера, Зверев има шанси да го победи за место во финалето.
– Ќе му треба многу храброст за да стигне онаму каде што досега не бил, а тоа е финалето во Мелбурн.
– Ако мечот трае долго, Ѓоковиќ веќе не е толку издржлив како што беше до пред две-три години. Од друга страна, Саша е познат по својата физичка подготвеност и често игра маратонски мечеви.
– Важно за него на овој меч ќе биде да ја има иницијативата, да го диктира темпото, бидејќи ако му го препушти тоа на Ѓоковиќ, му нема спас.
– Ѓоковиќ е преискусен, никој не одиграл толку важни мечеви и не освоил толку трофеи, но Зверев мора да се држи до својата игра. Не смее да дозволи да биде изваден од ритам, без разлика што прави противникот. Според мене, Ѓоковиќ е фаворит поради бројот на трофеи на тој терен, но Зверев има шанса, – рекол Бекер.
-
Лига на шампиони22 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Лига на шампиони23 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Англија23 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони19 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони7 часа
Навивачите на Сити открија дека зајадливата порака не била наменета за Винисиус, туку за друг член на Реал (Фото)
-
Лига на шампиони8 часа
Винисиус по МВП изданието: Морам да разговарам со Флорентино
-
Италија6 часа
Пандев кратко го искоментира враќањето на Елмас во Серија А
-
Лига на шампиони18 часа
Куртоа: Заслуживме да победиме, ова е духот…