Поврзете се со нас

АТП

Бекер пронајде три слабости кај Ѓоковиќ по поразот од Синер и заклучи: Тоа беше приказна за прераскажување

Објавено

на

Foto:twitter.com/AustralianOpen

Новак Ѓоковиќ одигра навистина под своите стандарди и не можеше да го пронајде својот препознатлив ритам на „Род Лејвер“, а сето тоа надополнето со извонредното издание на Јаник Синер на крајот резултираше со прв пораз за Србинот во полуфиналињата на Аустралијан Опен.

До мечот кој се одигра ова утро, Ноле беше перфектен и имаше скор 10:0 во полуфиналните дуели во Мелбурн, но сега за првпат ја почувствува горчината на поразот и посочи дека одиграл еден од најлошите мечеви во својата кариера на грен слем турнирите.

Србинот не го криеше разочарувањето што не доби шанса да се бори за 11-та титула на својот омилен турнир, па јасно е дека заедно со неговиот тим ќе направи анализа на ова издание во периодот кој претстои.

Самиот Ѓоковиќ најави дека ќе направи мала пауза по болниот пораз, а во меѓувреме пристигна анализа од неговиот поранешен тренер и соработник, Борис Бекер.

– Не сум изненаден од тоа што Јаник победи, но изненаден сум од начинот на кој се случи тоа. Јаник требаше да победи во три сета. Младиот Италијанец чукаше на тениските порти уште на крајот на минатата сезона и сега потврди дека расте како тенисер. Остана мирен и сервираше извонредно до самиот крај.

– Фактот што Новак Ѓоковиќ, најдобриот ритерн играч на сите времиња, немаше ниту една брејк топка во цел меч е приказна за прераскажување. Тоа е приказната од овој меч. Ако се гледа генерално и севкупно неговото издание, ќе кажам дека на Ноле му недостасуваше форма, ритам и добар сервис на сите мечеви кои ги играше на Аустралијан Опен оваа година. На сето тоа, денеска налета на подобар противник од себе, – порача Бекер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни