Поврзете се со нас

АТП

Бекер предизвика скандал на Ју-Ес Опен поради коментарот за атрактивната српска судијка (Фото)

Објавено

на

Борис Бекер работи како стручен коментатор за „Еуроспорт“ на се уште актуелниот Ју-Ес Опен, турнир на кој изминатава ноќ се одиграа двете полуфиналиња во машка конкуренција.

По епилогот на двете, стана познато деак Александер Зверев и Доминик Тим в недела ќе се борат за својата прва грен слем титула во кариерата, со тоа што Бекер не криеше дека ќе навива за својот сонародник кој вчера со голем пресврт се пласираше на завршниот меч.

Зверев губеше со 2:0 во сетови и изгледаше дека Карењо Буста има потполна контрола на случувањата на теренот, но сепак Германецот успеа да се прибере и откако ги дочека грешките на противникот, на крајот славеше со 3:2.

Младиот Александер покажа зрелост со својот издание во последните три сета, но сепак од овој меч во фокусот се најде и Бекер поради еден недоличен коментар кој сега му донесе негативен публицитет.

Бекер не остана рамнодушен на атрактивната српска судијка Маријана Вељовиќ, па откако беше прикажана во кадар за време на полуфиналето, легендарниот Германец порача:

– Морам да кажам дека судијата е навистина многу убава. Она едноставно „јаде“ со своите очи, – порача Бекер, коментар кој беше протолкуван за сексистички од страна на јавноста.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни