Поврзете се со нас

АТП

Бекер: Не може Надал вечно да владее со Ролан Гарос

Објавено

на

Пред нас се полуфиналните пресметки на Ролан Гарос во кој силите ќе ги одмерат Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, односно Александер Зверев со Стефанос Циципас.

Ова се мечеви кои утре ќе се одиграат во Париз, а во пресрет на истите свој коментар имаше легендата на овој спорт Борис Бекер.

-Не дека сум видовит, главен фаворит за мене сè уште е Надал. Ама исто гледам дека и Ѓоковиќ може да го освои турнирот. Зверев и Циципас сега се скоро на нивното ниво. Прашање е на време кога ќе ги стигант.  Сега е прашање кој е најподготвен ментално – мислам дека тие  заедно со Данил Медведев ќе освојат многу трофеи во наредните години.

-Надал не може вечно да владее со Ролан Гарос, прашање е на време кога ќе дојдат наследниците. Зверев има најголема сила, но понекогаш може да биде премногу пасивен, мора да ризикува повеќе – ќе направи повеќе грешки, но ќе биде во подобра позиција за победа, -вели Бекер кој е поранешен тренер на Ѓоковиќ.

-Ритернот на Ноле е одличен оваа година на Ролан Гарос, мислам дека тој е многу добар во секој аспект. Се виде дека држи многу емоции во него. Поради ваквите сцени, горд сум што сум дел од овој спорт. Тешко е да се биде тенисер и светски патник за време на пандемија, -изјави Германецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни