Бекер: Ѓоковиќ не го послуша мојот совет

novak i beker

Борис Бекер имаше успешна соработка со Новак Ѓоковиќ, но сега српскиот тенисер соработува со Андре Агаси и Радек Штепанек со кои се надева дека ќе ги постигне резултатите кои ги имаше во периодот додека негов главен тренер беше Германецот.

А, токму Бекер во едно документарно издание за својот живот открива дека Ѓоковиќ не го послушал во еден многу важен совет, нешто што и влијаело да ја завршат соработката.

– Не можам да работам половично во ниту една ситуација. Мојот последен совет за него беше дека мора да биде сопствен извор на светлина, не му е потребен некој друг. Не ме послуша, сега некои други луѓе добиваат дел од тие сончеви зраци кои досега не ги добивале. Мене не ми е потребна неговата светлина, јас имам свој извор, секогаш сум го советувал Ѓоковиќ, тоа било од срце.

Германецот вели дека денеска тенисот многу се разликува од тој од негово време.

– Ние буквално игравме за гол живот, за тоа не постои книга, нема упатства. Мора сами да се снајдете, со емоциите, со фрустрациите, да почувствувате страв од пораз и од недостиг на пари. Сега тоа го нема. На пример имаше еден меч во кој Новак десет минути не го ни држеше рекетот како што треба. Никој не пишуваше за тоа, но јас го забележав, – истакнал Бекер.

Facebook Коментари