АТП
Бекер: Ѓоковиќ набрзо ќе дојде и до 23 грен слем титула, но играч како Федерер веќе никогаш…..

Борис Бекер е убеден дека Новак Ѓоковиќ на крајот ќе победи во трката наречена „најдобар играч на сите времиња“ кога се бројките во прашање, но истовремено потенцира дека тенисот никогаш нема да види и нема да доживее големина како онаа на Рожер Федерер.
Швајцарецот стави крај на својата кариера со 20 освоени грен слем титули и веќе е престигнат од Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ кои се на делба на првото место со 22, но иако веќе заостанува статистички гледано, Бекер тврди дека наследството кое го остави Федерер не може да се спореди со ништо друго.
– Ѓоковиќ има 35 години и негов сон е да стане најдобар играч на сите времиња. Зборувал за тоа и како дете. Според мене, само прашање на време е кога ќе стигне и до 23-от грен слем трофеј во кариерата.
– Сепак, според мене, светот никогаш немаше видено нешто како Рожер Федерер. Федерер играше толку совршен тенис, што не можевте да поверувате што гледате. Поради него тенисот стана глобален спорт и светски признат спорт.
– Играч како Федерер нема да се повтори никогаш повеќе во тенисот, со него се беше перфектно и светот нема да види такво нешто. Тој не е само тениски амбасадор, тој е амбасадор на спортот глобално. Федерер е комплетен пакет, – потенцира легендарниот Бекер кој во минатото беше тренер на Ѓоковиќ.
-
Македонијапред 13 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Англијапред 24 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Лига на шампионипред 10 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Германијапред 22 часа
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 21 час
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 20 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 23 часа
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Балканпред 19 часа
Херојска реакција: Мирчевски и четири соиграчи спречиле голема трагедија во Србија (Видео)