Бекер: Федерер заслужува да ја добие таа љубов од навивачите во Лондон, но треба да сфатат дека Ѓоковиќ…

beker-nole

Борис Бекер даде своја прва анализа за „Би-Би-Си“ веднаш по крајот на вчерашното маестрално финале на Вимблдон, но ако во првото обраќање издвои еден чуден момент од самиот финиш на мечот, во продолжение се осврна на неверојатната разлика која беше евидентна во гледалиштето.

Рожер Федерер имаше апсолутно поголем број фанови на централниот терен во Ол Ингалнд клубот и ја имаше сета поддршка од публиката, но сепак Новак како безброј пати досега, успеа да го преточи ова во своја предност и благодарение на неверојатната психа и големиот инат да стигне до драматична победа во пет сета.

– Новак беше изнервиран од односот на публиката. Имаше лош поглед кон некои луѓе на трибините, но тоа така оди во тенисот. Има моменти кога сето тоа ве фрустрира, но мислам дека се однесуваше одлично и дека беше ментално подготвен за сето ова. Федерер е најголем на сите времиња на Вимблдон и има право да ја добие сета таа љубов, но од друга страна пак, Англичаните мора да покажат поголема почит кон четирикратниот освојувач, треба да сфатат кој е Ѓоковиќ. Се надевам дека наредната година ќе добие поголема почит. Новак се вклучи во забавата која ја имаа Федерер и Надал и полека им ја уништува, – заклучува Бекер кој се симна на теренот за да му честита на Ноле за 16-та грен слем титула.

Facebook Коментари