Поврзете се со нас

АТП

Бекер: Другите тенисери го „прочитаа“ Алкарас

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChinaOpen

Борис Бекер останува актуелен со своите коментари на тениските случувања, а за „Јуроспорт“ ја анализирал и ситуацијата со Карлос Алкарас, кој не ја заврши годината на посакуван начин.

Шпанецот не можеше да му парира на Новак Ѓоковиќ во завршницата на сезоната, а Бекер вели дека Србинот, но и другите ривали веќе го прочитале начинот на игра на Алкарас.

– Во тенисот е најтешко да го задржите нивото кое сте го постигнале, во случајот со Алкарас, тоа е да му парирате на Ѓоковиќ, да го освоите Вимблдон и да бидете светски рекет број еден.

– „Соблекувалната никогаш не спие“, односно сите други играчи веќе сфатија како игра Алкарас и тоа се покажа. Неговите ривали ја сменија стратегијата, а тој не промени ништо.

– Тој секако игра фантастичен тенис и обожувам да го гледам, но врвните играчи се адаптираа на неговите најдобри страни. Сигурен сум дека Карлос и неговиот тренер Хуан Карлос Фереро оваа зима ќе смислат нешто ново и ќе направат промена во играта, – изјавил Бекер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни