Поврзете се со нас

АТП

Бекер даде прогноза за следното финале на Ролан Гарос: Редно време е…..

Објавено

на

Борис Бекер е една тениска легенда која често ги коментира случувањата во актуелниот тенис, но и човек кој најгласно потенцира дека е време за смена на генерација во „белиот спорт“.

Германецот е воодушевен од тоа што „големата тројка“ цели 15 години доминира во светскиот тенис, но сега смета дека е крајно врмее за промена и освежување на најголемите турнири, посебно на грен слемите.

Најмладиот освојувач на Вимблдон направи мала паралела за неговата генерација и оваа актуелната, потенцирајќи дека во тоа време 20-годишните тенисери немале страв да се соочат со најдобрите.

– Федерер, Надал и Ѓоковиќ се неверојатно силни и тоа што го прават, го прават константно 15 години. Од друга страна, може да се каже дека младите тенисери не се доволно добри. Во мојата генерација, имаше 20-годишни тенисери кои освојуваа грен слем турнири и кои не се палшеа од никого.

– Сакам да се промени овој тренд. Големата тројка треба да се симне од врвот додека е во форма, а не кога ќе станат стари и ќе заминат во пензија. Ако се одржи Ролан Гарос, или Ју-Ес Опен оваа година, сакам да видам финале меѓу Тим и Надал, а во кое ќе победи Австриецот. Редно време е за тоа, – потенцира Бекер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни