Поврзете се со нас

Германија

Бекенбауер нема да одговара за корупција поради застарување на делото

Објавено

на

Франц Бекенбауер нема да одговара за обвинението кое го отвори етичката комисија на ФИФА, а во кое тој и уште две раководни лица од Германската федерација беа обвинети за коруптивни активности поврзани со Светското првенство во 2006 година.

Германија беше организатор на овој мундијал, а Бекенбауер како предводник на организицискиот одбор и претседателот и генералниот секретар на федерацијата беа обвинети дека поткупиле членови на Извршниот комитет за да гласаат за нивниот проект.

Сепак, денеска стана јасно дека Бекенбауер, Тео Цвајнцигер и Хорст Шмид нема да одговараат за делото, поради застареност на истото.

Случајот беше отворен откако магазинот „Шпигел“ објави документи според кои биле потрошени 6,7 милиони евра за поткупување и нелегално лобирање за да се добие организацијата на СП.

Германците организираа успешен мундијал кој ги исполни очекувањата од сите аспекти, а титулата на тоа првенство ја освои Италија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни