Поврзете се со нас

Свет

Бекам се појави на тренингот на Интер Мајами и им одржа лекција на младите фудбалери (Видео)

Објавено

на

Дејвид Бекам како газда на Интер Мајами се појавил на последниот тренинг на младинскиот тим и негова цел била дополнително да влијае и да ги мотивира младите играчи, но од видеото кое се појави на социјалните мрежи, не пропуштил шанса да подели и некоја лекција.

Бекси стави крај на својата играчка кариера во 2013-та година, но поранешниот англиски капитен се одржува во фантастична форма и покрај тоа што е на средина од петтата деценија од својот живот.

Бекам има 45 години и денеска играше со голем број играчи на кои може да им биде и татко, но во еден дел од тренингот, не успеал да одолее да не продаде еден „тунел“ во моментите кога постигнуваше гол.

Англискиот газда брзо сфати дека потегот е уловен на камерата, па видеото стана уште толку поинтересно на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни