Поврзете се со нас

Свет

Бекам: Сакам да ги донесеме Меси и Роналдо во Мајами

Објавено

на

blank

Легендарниот англиски фудбалер, Дејвид Бекам не крие дека во својот клуб сака да ги донесе Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Како што е познато популарниот Бекс го води МЛС составот Интер Мајами во кој веќе играат Игуаин и Матуиди, но планот е клубот уште да се засилува и тоа со асови кои многу значат во светот на фудбалот.

-Секако, секогаш сакаме да донесеме одлични фудбалери. Особено играчи како Меси и Кристијано Роналдо,-вели Дејвид кој сака да функцонира и академијата на Мајами.

-Од првиот ден реков дека целта е нашата фудбалска академија да биде огромен дел од овој клуб, но исто така знаеме дека нашите навивачи сакаат да гледаат големи sвезди во Мајами. Веќе имаме играчи како Игуаин и Матуиди. Ни донесоа сјај и гламур, но исто така сакаме да имаме можност да донесеме уште некои големи имиња во иднина.

-Постои само еден услов. Фудбалерот сепак мора да има амбиции и желби за победи. Значи, со кој било играч да разговараме, мора да се осигураме дека тоа е приоритет, -порача некогашниот член на Јунајтед, Реал Мадрид и ПСЖ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни