Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Бекам прогнозирал која екипа ќе го освои трофејот во Лигата на шампионите

Објавено

на

foto:www.facebook.com/PSG

Дејвид Бекам секогаш е интересен за медиумите со своите фудбалски ставови, а во последниот разговор на фудбалски теми тој зборувал на повеќе интересни теми.

Поранешниот англиски репрезентативец во моментов е концентриран на проектот Интер Мајами, каде е косопственик на МЛС клубот, но внимателно ги следи случувањата на европската фудбалска сцена.

Бекам деновиве е дел од аудиовизуелниот саем во Лондон и бил дел од панел на кој гостувал заедно со претставник на „Нетфликс“, при што одговарал на различни прашања, вклучувајќи ја и прогнозата за победникот во Лигата на шампионите.

Тој истакнал дека очекува Реал Мадрид да оствари уште еден триумф во најпрестижното европско фудбалско натпреварување, а проговорил и за своите фудбалски амбиции од најмладите години.

– Уште од дете сонував да станам фудбалер и да ја претставувам својата земја. Подоцна, знаев дека ќе дојде момент кога ќе ја завршам кариерата и секогаш сакав да започнам некој вид бизнис. Никогаш не се гледав како иден тренер, – рекол Бекам.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни