Поврзете се со нас

Свет

Бекам носи уште едно звучно име во Интер Мајами

Објавено

на

Италијанските медиуми пишуваат дека легендарниот Дејвид Бекам има план во својот клуб кој се натпреварува во американската, МЛС Лига, да донесе уште едно звучно име.

По Гонзало Игуаин и Блаз Матуиди нов фудбалер на Интер Мајами се очекува да стане аргентинскиот интернационалец, Хавиер Пасторе.

Пасторе кој минатата сезона мака мачеше со повреди и одигра само 77 минути во дресот на Рома со само 31 година е далеку од врвот во европскиот фудбал и тому затоа бил подготвен да ја разгледа понудата од Бекам која нема да биде нималку наивна на финансиски план.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Пасторе дури и тренира со Интер Мајами иако има валиден договор со Рома на уште две сезони. Според медиумот фудбалерот наскоро ќе се врати во главниот град на Италија каде треба да преговара раскинување на договорот со Рома и потоа да направи трансфер на Флорида.

Пасторе заработува по четири милиони евра годишно на „Олимпико“, па од Рома се подготвени да се ослободат од неговиот договор дури и да не добијат обесштетување за неговото заминување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни