Поврзете се со нас

Свет

Бекам ќе „лапне“ огромна сума на пари за да биде поставен за амбасадор на Светското првенство

Објавено

на

Еден од најпрепознатливите личности во светот на фудбалот, Дејвид Бекам ќе добие вистинско богатство само затоа што ќе ја има улогата на амбасадор за Светското првенство што за околу една година ќе се одржи во Катар.

Англичанецот се согласил на договор вреден 150 милиони фунти според кој ќе стане амбасадор на Катар во следните десет години, со главен акцент за Мундијалот кој ќе се одржи во 2022 година.

Бекам во неколку наврати беше фотографиран со богатите моќници од Катар кои очигледно не штедат пари за да го обезбедат познатото име кое сигурно ќе им донесе голема промоција.

Медиумите во Англија јавуваат дека договорот ќе биде потпишан следниот месец, а Бекам освен Светското првенство ќе ги промовира и туризмот и културата на Катар.

Некогашниот ас на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид долго време работи како амбасадор во разни институции и преку тоа заработува огромни пари.

Во моментов Дејвид Бекам е сопственик и на американскиот фудбалски клуб, Интер Мајами кој се натпреварува во најсилната лига во САД.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни