Бекам го седна бекот на Баерн и ја запечати победата, Ферги не го криеше задоволството на клупата (Видео)

bekam-slavi

Денеска на „Олд Трафорд“ се одбележа 20-годишнината од незаборавниот пресврт кој „ѓаволите“ го изрежираа на „Камп Ноу“ во финалето во Лигата на шампионите, а мора да се напомене дека Баерн Минхен направи господски потег и испрати своја експедиција на легенди за да се одбележи еден јубилеј кој не им е воопшто во добро памтење.

За разлика од мечот од пред две декади кој Јунајтед го доби со два гола во судиското продолжение, ветераните на англискиот премиерлигаш ова попладне покажаа апсолутна доминација, победувајќи со убедливи 5:0 во меч во кој главна ѕвезда беше Дејвид Бекам. Легендарниот капитен на Јунајтед докажа дека го нема загубено чувството за фудбал, а својата фантастична партија ја заокружи со маестрален потег и уште подобра завршница.

Бекси го седна бекот на Баерн,Ханс Флиглер, погоди и прослави во свој карактеристичен стил, а тоа изнуди насмевка и аплауз кај Сер Алекс Фергусон кој сето ова го испрати од клупата.

Facebook Коментари