Свет
Бекам го избра играчот кого најмногу го почитува и сака да го гледа: Тој игра со страст, игра со многу слобода

Дејвид Бекам веќе една деценија не е активен на фудбалските терени, но тоа не значи дека фудбалот понатаму не е дел од неговиот живот.
Како што е познато тој е претседател и ко-сопственик на МЛС составот Интер Мајами, но и на тимот на Салфорд Сити што значи дека директно е инволвиран во овој бизнис. Тој во исто време продолжува да ги следи сите актуелности, случувањата, па од негов агол го избра играчот кој најмногу го почитува, му се воодушевува и сака да го гледа-тоа е Лионел Меси.
-Тоа мора да биде Меси. Го сакам Лео од многу различни причини. Го сакам затоа што тој е одличен татко. Го сакам затоа што тој е одлична личност, карактер. Но мислам дека она што сите го сакаат кај него е начинот на кој ја игра играта. Тој ја игра играта со страст, игра со многу слобода. Мислам на СП, начинот на кој играше за својот тим, за својата земја и тоа што го освои беше неверојатен момент за него. Сакам да гледам играчи како него, -порачал популарниот Бекс кој сигурно со ова сака и дополнително да го привлече Лео кого јавноста некое време го поврзува со Интер Мајами.
-
Македонијапред 11 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Лига на шампионипред 9 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Англијапред 22 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Германијапред 20 часа
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 19 часа
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 19 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 21 час
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Ѕвездата на Сити огорчена од играта на Шкотска: Вистинско ѓубре, ова не е фудбал……