Свет
Бекам ги откри плановите на Меси: Нема играч кој повеќе ја сака Барселона од него!

Дејвид Бекам како сопственик на Интер Мајами ќе се обиде да го задржи Лионел Меси што е можно подолго во Флорида, но и самиот е свесен дека не може да направи ништо околу обидот Америка да остане негова постојано место на живеење.
Легендарниот Англичанец им откри на новинарите дел од плановите кои ги има Меси по крајот на играчката кариера, а истите се поврзани со градот во кој ги мина најубавите моменти во животот и кариерата.
Како што вели Бекам, целта на Меси е да се врати во близина на „Камп Ноу“ и во градот Барселона, па таквото размислување само ги тера фановите да мислат дека еден ден сепак ќе се врати во клубот.
– Би сакам Меси да остане блиску до нас и да остане да живее во Мајами откако ќе се пензионира, но тоа нема да се случи.
– Лео ми кажа дека размислува само да биде блиску до „Камп Ноу“. Нема играч во светот кој повеќе ја сака Барселона од Меси. Може да го видите грбот на Барселона на неговата нога, но дури и на шишето од кое пие вода, – порачува Бекам.
-
Лига на шампиони23 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Англија24 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони20 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони8 часа
Навивачите на Сити открија дека зајадливата порака не била наменета за Винисиус, туку за друг член на Реал (Фото)
-
Лига на шампиони9 часа
Винисиус по МВП изданието: Морам да разговарам со Флорентино
-
Италија7 часа
Пандев кратко го искоментира враќањето на Елмас во Серија А
-
Англија9 часа
Руни ја потенцираше големата јануарска трансфер грешка на Гвардиола: Навистина чуден потег
-
Лига на шампиони19 часа
Куртоа: Заслуживме да победиме, ова е духот…