Свет
Бејтулаи поради семејни причини се раздели со Хелсингборг
Егзон Бејтулаи потпиша тригодишен договор со Хелсинборг во јануарскиот преоден рок, но неполни пет месеци подоцна, клубот соопшти дека е дојдено до раскин на меѓусебната соработка по барање на самиот фудбалер.
Поранешниот член на Шкендија и македонски репрезентативец даде образложение дека мора да остане во Македонија поради лични причини, а клубот експресно ја разбра ваквата ситуација и се согласи на пријателски раскин на договорот кој е поволен за двете страни во овие специфични корона услови.
– Поради семејни причини, мора да останам дома. За доброто на клубот, но и за мое добро, ова беше најреално решение. Клубот ме поддржа и мило ми е што постигнавме ваков безболен договор. Работите не излегуваат секогаш како што се надевате, му посакувам на клубот се најдобро во иднина, – изјави Бејтулаи за официјалниот сајт на клубот.
Во својата објава, Хелсингборг нагласи дека го поддржува фудбалерот во својата одлука и му посакува најдобар исход во семејниот проблем.
-
Шахпред 10 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Балканпред 23 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 10 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шпанијапред 14 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Македонијапред 8 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Шпанијапред 15 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Светпред 13 часа
Невил ги избра трите најважни летни трансфери и го посочи својот фаворит за титулата во ЛШ
-
Италијапред 14 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки