Бејл се потсмеваше со Реал Мадрид додека го славеше пласманот на ЕП со Велс! (Видео)

bale-smee

Велс успеа да ја добие клучната пресметка со Унгарија во Кардиф и со победата од 2:0 обезбеди пласман на Европското првенство наредната година, а ако главна ѕвезда на теренот беше Арон Ремзи кој ги постигна двата гола за домашната селекција, по крајот на средбата, во фокусот се најде Герет Бејл.

Најголемата ѕвезда на велшкиот состав го навлече гневот меѓу фановите на Реал Мадрид, од едноставна причина што се покажа како крајно несовесен, славејќи го пласманот на Европското првенство со провокативниот банер кој го смислија фановите пред неколку дена. На истиот пишува дека Велс му е на прво место, голфот на второто, а Реал Мадрид дури на третото место. Бејл немаше проблеми да се смее и да слави со соиграчите со овој банер во прв план, па поради тоа, експресно наиде на удар од страна на фановите на Реал Мадрид, кои преку социјалните мрежи бараат итно да биде продаден уште во јануари.

bale-baner

Facebook Коментари