Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Бејл пред новото финале на Реал во ЛШ: Анчелоти ќе го направи она што го прави секогаш

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид влегува во улога на фаворит во утрешното финале на Лигата на шампионите, но секако тоа не значи дека Борусија Дортмунд нема свои шанси и нема да се обиде истите да ги искористи за трофеј по подолг период.

Поранешната ѕвезда на Реал, Герет Бејл, го прогнозирал она што очекува да се случува утре на „Вембли“, самиот потенцирајќи ја улогата на шпанскиот клуб, на кого му дава големи шанси да стигне до нов европски трофеј.

– Секако дека постојат шанси Реал да загуби, но јас не верувам дека ќе се случи такво нешто.

– Иако има многу млади фудбалери, составот на Реал поседува големо искуство и фудбалерите знаат што можат да очекуваат и што треба да направат. Познат е менталитетот во овој клуб, без разлика на значењето на натпреварот, ќе бидат мирни и ќе одат на освојување на трофејот.

– Сигурен сум дека Карло Анчелоти ќе ги одржи мирни и ќе го направи она што вообичаено го прави, – рекол Бејл.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни