Поврзете се со нас

Шпанија

Бејл откри што помислил кога првпат добил свирежи на „Сантијаго Бернабеу“

Објавено

на

Герет Бејл доста често се наоѓа на удар во јавноста без разлика на тоа што соиграчите во секој поглед застануваат во негова одбрана, но притисокот кој го прават медиумите најчесто се одразува со невпечатливи изданија на Велшанецот, особено во последните две сезони.

Сето тоа резултираше и со силни свирежи од гледалиштето на „Сантијаго Бернабеу“, публика која дефинитивно е познато како најнетрпелива во светот, за што доказ се и некои минати примери. Во фудбалскиот храм на Реал, свирежи добивале и играчи како Зидан, Роналдо Назарио, Кристијано Роналдо и многу други, но кога е во прашање токму Бејл, самиот признава дека тоа доста лошо се одразува на неговата игра.

И покрај критиките, никој не може да спори какви феноменални изданија имаше Бејл во најважните финалиња за Реал, па гледајќи од таа гледна точка, има и такви кои сметаат дека крајно нелогични се свирежите кон него.

– Свирежите прават да се чувствуваш полошо, ја губиш самодовербата. Кога промашуваш шанса за гол, доаѓаат свирежите. После тоа, голот ви станува се помал. 80 илјади фанови ме свиркале на „Бернабеу“ и се прашуваш, како се случува ова. Навистина не е добро, првиот пат кога ме свиркаа, си помислив „Што ли е ова“.

– Не можам да објаснам зошто ме свиркаат. Фановите треба да се тука за да ти помогнат. Но, тие те свиркаат и се чувствуваш полошо. Ја губиш самодовербата и играш полошо, а тогаш те свиркаат уште повеќе, – се исповеда Велшанецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни