Поврзете се со нас

Шпанија

Бејл направи споредба меѓу фудбалот и голфот: Тука чувствувам поголем притисок отколку пред 80.000 гледачи

Објавено

на

Герет Бејл закрепкува од повредата на мускулот, па има простор и време за други активности како што е голфот кој како што е познато е голема негова страст, љубов, спорт кој му помога да се опушти.

Токму Велшанецот имаше можност да биде дел од еден ваков гол настан во Шпанија, па откри дека тој без конкуренција е најдобриот голф играч во таборот на „кралевите“.

-Имаме само двајца играчи кои играат голф во Реал Мадрид, така што без сомнеж  јас сум број еден. Тибо Куртоа е другиот што игра, но не е подобар од мене, -истакна Герет кој направи разлика меѓу фудбалот и голфот.

-Секогаш кога ќе добијам шанса и има турнир за голф во близина, доаѓам да го гледам. Неверојатно е атмосферата, публиката, убавото време и згора на тоа искрено овие момци играат многу добро. Неверојатно е колку добро играат под притисок. Фудбалот е различен затоа што имаш притисок, но имаш и судија со кој треба да се справиш. Голфот е многу повеќе ментална игра. Тука чувствувам поголем притисок отколку пред 80.000 гледачи, -порача офанзивецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни