Шпанија
Бејл му испрати искрен совет на Белингем и ги „поздрави“ Шпанците: Треба да бидеш марионета!

Герет Бејл стави крај на својата играчка кариера по крајот на мундијалот во Катар и престана да се бави професионално со фудбал на само 33 години, одлука која секако беше последица и на серијата лоши години кои ги имаше на крајот од етапата во Реал Мадрид.
Велшанецот освои се што можеше да се освои во шпансата престолнина и првиот дел од неговата авантура беше навистина историски, но на крајот често беше мета на критики, па и на брутални исмевања од страна на медиумите.
Всушност, Бејл никогаш не воспостави добар однос со новинарите и пречесто му се забележуваше за тоа што не дава интервјуа на шпански јазик, па сега во своето најново обраќање, не пропушти шанса да ги поздрави медиумските претставници од оваа земја.
Во обидот да му даде најдобронамерен совет на Џуд Белингем, Велшанецот не пропушти да нагласи дека ќе има најдобар можен престој ако игра по правилата на медиумите.
– Најголемиот совет кој можам да му го дадам е да ја игра играта која им се допаѓа на мадридските медиуми. Ако зборуваш со медиумите и бидеш нивна марионета, ќе добиваш многу поддршка. Многу играчи од „Галактико“ ерата се однесуваа така и јавноста го добиваше тоа што го сакаше.
– Тоа беше мојот проблем, јас не го правев тоа и никогаш не сакав да го правам. Јас само сакав да играм фудбал и да си одам дома. Тоа ги направи работите тешки за мене и направи медиумите често да ме напаѓаат, повеќе од потребно. Се што треба да прави Џуд е да зборува по крајот на натпреварите и да им дава изјави на шпански јазик, – иронично порачува Герет.
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Европски првенствапред 20 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Италијапред 17 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Македонијапред 22 часа
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Европски првенствапред 19 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Шпанијапред 16 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Англијапред 7 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него