Поврзете се со нас

Англија

Бејл изненади со комплиментите за еден соиграч од Тотенхем кој посебно го воодушевил: Ме потсети на Роналдињо!

Објавено

на

Герет Бејл одигра извонреден натпервар против Турција и со две асистенции беше главен инспиратор на важната победа на Велс, па токму поради тоа, во втор план остана промашениот пенал кој не го реализираше во второто полувреме.

Бејл дефинитивно е еден од оние играчи кои изгледаат далеку поразлично и помотивирано кога играат за репрезентацијата, а во ситуација кога не се знае дали повторно ќе се врати во Тотенхем по едногодишната позајмица, откри дека најмногу изненаден останал од играчот кој Жозе Мурињо жестоко го критикуваше во првата сезона во Северен Лондон.

Станува збор за Тангуј Ендомбеле, везниот фудбалер кој Бејл тврди дека на моменти го потсетувал и на Роналдињо, бидејќи едноставно бил премногу доминатен на тренинзите опколен од своите соиграчи.

– Мора да кажам дека најмногу изненаден останав од Ендомбеле. Не го гледав многу кога ги пратев натпреварите на Тотенхем во сезоната пред да дојдам. Му беше потребен период на адаптација во Англија, но нависитна ме изненади од тоа што го прикажа на тренинзите и на теренот.

– Квалитетот кој го има е навистина страшен, работите кои ги прави со топката ме потсетуваат на Роналдињо. Роналдињо правеше чуда со топката. Нема да кажам дека е на нивото на Роналдињо, но со одредени работи кои ги прави со топката, ме потсетува на Роналдињо. Неверојатно забавно е да се гледа со топката, особено на тренинзите, – вели Бејл за „Скај Спортс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни