Поврзете се со нас

Англија

Бејл го „пецна“ Мурињо: Ние сме голем клуб, сакаме да напаѓаме

Објавено

на

Премиерлигашот Тотенхем се одлучи за голем чекор и му се заблагодари на Жозе Мурињо, а на негово место до крајот на сезоната го назначи Рајан Мејсон.

Мејсон имаше победничко деби на клупата на Тотенхем и тоа против Саутемптон. Клубот од северен Лондон губеше со 1-0 по првиот дел, но во продолжението ситуацијата се промени, па Бејл и Сон донесоа славјеа за домашниот состав.

Токму стрелецот на првиот за Тотенхем, Герет Бејл имаше една кратка, ама интересна изјава во која го „пецна“ Мурињо за неговата игра, пристап како менаџер.

-Мораме повеќе да даваме гас. Сакаме да напаѓаме, ние сме голем тим, имаме одличини играчи. Мораме повеќе да напаѓаме, мора да се обидеме и останеме повисоко на теренот. Мислам дека тоа сега го направивме, -порача искусниот Велшанец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни