Бејл го истрола Ремзи за честите повреди и со пцовка го стартуваше интервјуто (Видео)

bejl-remzi

Арон Ремзи се мачи со повреди од стартот на сезоната, па покрај тоа што не може да се наметне во системот на Маурицио Сари, честите проблеми го оневозможија да имаа и позначаен учинок во селекцијата на Велс.

Сепак, кога најмногу требаше, играчот за врска истапи и се покажа во најдобро светло, постигнувајќи два гола во клучниот меч со Унгарија кој се одигра вчера во Кардиф. Велшките фанови и неговите соиграчи експресно сфатија колку Ремзи може да биде важен за тимот, па со оглед на тоа што ја доби улогата на национален херој, Бејл не пропушти да го истрола во моментите кога заедно даваа интервју.

– Беше еб.но време да има придонес за тимот, – низ смеа и со користење на пцовка порача Бејл кој претходно не пропушти да го истрола својот соиграч во моментите кога сам заклучи дека не можел многу да игра поради повредите.

Facebook Коментари