Поврзете се со нас

Свет

Бејл ги потврди гласините и позираше со новите клупски обележја: Се гледаме наскоро (Видео)

Објавено

на

Џорџо Кјелини ќе го комплетира трансферот во Лос Анџелес на 1-ви јули, но фудбалскиот клуб од Калифорнија потврди уште едно големо засилување кое пристигнува од стариот континент и потврди дека има сериозен проект во МЛС лигата.

Герет Бејл после девет години во Реал Мадрид реши да го менува континентот и да потпише едногодишен договор со Лос Анџелес, со опција истиот да биде продолжен на дополнителни 12 месеци.

Иако многумина прогнозираа и фудбалска пензија на Бејл, Велшанецот со новиот договор јасно стави до знаење дека ќе биде активен и по Светското првенство во Катар, кое за него ќе значи исполнување на сонот.

Бејл како капитен на Велс ќе ја води селекцијата на најголемиот фудбалски настан, а во меѓувреме ќе ја одржува формата како член на Лос Анџелес.

– Се гледаме наскоро Лос Анџелес, – порача Герет Бејл на социјалните мрежи, потврдувајќи ги гласините за трансферот како слободен агент.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни