Беитар го промени името во чест на Доналд Трамп

donald-tramp1

Израелскиот прволигаш Беитар денеска објави дека во новата сезона во израелското првенство ќе го промени името во Беитар Трамп Ерусалим, а во чест на американскиот претседател, Доналд Трамп.

Екипата која го освои второто место во израелското првенство се реши на ваков чекор поради благодарноста што Трамп го призна Ерусалим како главен град на Израел, потег за кој претрпе сериозни критики од цел свет, а кој на Израелците им значеше многу и беше официјализиран со префрлувањето на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим.

– Дури 70 години Ерусалим чека меѓународно признавање, додека претседателот Доналд Трамп со многу храбар потег не го призна како израелска престолнина, – стои во соопштението на Беитар.

Facebook Коментари