Поврзете се со нас

Балкан

„Бед Блу Бојс“ го гаѓаа Ракитиќ со фаќели, Гатузо го најде лекот за Динамо (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/hajduk

Најголемото дерби во хрватскиот фудбал се одигра вечерва на „Полјуд“, а за разлика од практиката на која се навикна во последните години, Хајдук по вторпат го победи Динамо во период од неколку месеци.

Џенаро Гатузо засега се покажува како тренер кој има лек за шампионскиот тим на Бјелица, бидејќи после победата остварена на „Максимир“, вечерва се радуваше на три бода и на домашен терен.

Дербито изобилуваше со доста тензија и макотрпна битка за секоја топка на теренот, а како клучен се покажа погодокот на Сигур по лошата реакција на гостинската одбрана.

Офанзивниот играч на Хајдук ја искористи индолентната реакција и погоди за водство од 1:0, по што настана вистинска ерупција на „Полјуд“ откако претходно дербито беше и во двеминутен прекин бидејќи Ракитиќ беше гаѓан со фаќели од страна на „Бед Блу Бојс“.

По постигнатиот гол, Хајдук се предодреди со гранитна одбрана да го чува својот гол, а фактот што Динамо испрати само еден директен шут во рамките на голот во текот на 90 минути, најдобро говори колку тимот на Бјелица беше безопасен на ова дерби.

Стефан Ристовски беше стартер и играше со 62-та минута, додека Адеми и Трајковски останаа на клупа и не добија шанса.

Со оваа победа, Хајдук сега има седум бода повеќе од Динамо, односно три повеќе од второпласираната Ријека.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни